ДНЕВЕН ХОРОСКОП 13.06.2016 ПОНЕДЕЛНИК

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 13.06.2016 ПОНЕДЕЛНИК



ОВЕН
Доколку сметате дека стагниравте во изминатиот период, денес ќе бидете задоволни. Почнуваат да ви се случуваат сериозни работи кои ќе ви донесат напредок. Вам не ви е својствено да стравувате од преземање акција, но некои случувања ќе ве затекнат неспремни и ќе се обидете да си дадете време пред да се впуштите во нешто ново. Ако сте сами, постојано флертувате и воопшто не размислувате дали сакате нешто сериозно да ви се случи.

БИК
Интуитивно чувствувате што треба да направите и тоа ви носи значителни успеси. Финансиската ситуација полека се подобрува. Можен е приход од дополнителна работа. Не дозволувајте пријателите да ве вовлечат во нешто што не ви одговара. Останете свои и не дозволувајте никакво влијание од страна. Доколку сте сами, ве очекува интересно познанство со личност со која сте поврзани преку работата. Не мешајте ги парите и љубовта.

БЛИЗНАЦИ
Се обидувате да започнете нешто ново и да внесете новини во работата, но никако не ви успева. Односот на колегите може да ви го помати расположението и да се повлечете. Не трошете ја енергијата на работи кои можат да бидат брзо заборавени. Опуштете се и полека завршувајте го она што ви заостанало. Ако сте во брак, чувајте се од тајни врски. Вистината може да биде откриена и подоцна може да зажалите поради тоа. Ако сте сами, ве очекува интересно познанство со личност родена во огнен знак.

РАК
Незавршените работи ви претставуваат проблем и не можете да започнете ништо ново додека не завршите со старото. Работите ќе одат токму онака како што сте замислиле. Бидете внимателни и чувајте се од канцелариски сплеткарења. Некој може да ве вовлече во муабет што нема да ви одговара. Односите со партнерот се долго заглавени во меѓусебни недоразбирања. Веќе не се ни обидувате нешто да поправите. Токму сега е момент да размислите и да донесете сериозна одлука во врска со заедничката иднина.

ЛАВ
Веќе подолго време чувствувате недостаток на самодоверба. Тоа е она што највеќе ви пречи и не можете да го поднесете. Денес ќе се чувствувате подобро и ќе завршите некои работи за кои во претходниот период ви недостасуваше енергија. Позитивните промени ќе се одвиваат бавно, но сепак ќе дојде до мало олеснување. Ако сте слободни, можен е почеток на нешто ново. Личноста родена во воздушен знак веќе подолго време е заинтересирана за вас и крајно време е да го забележите тоа.

ДЕВИЦА
Постојано истакнувате колку сте вредни и очекувате другите да ви аплаудираат. Тоа не само што нема да ви донесе поени туку може да ви донесе и непријатели. Конкуренцијата може да ги минимализира вашите напори и да профитира. Обидете се да работите тимски и да не се издвојувате од останатите. Ако сакате да ги подобрите односите со партнерот, намалете го стресот и престанете да реагирате нервозно. Доколку сте слободни, можен е почеток на нова врска со личност со која сте поврзани преку работата.

ВАГА
Имате прифатено работа за која сметате дека тешко ќе можете да ја завршите. За да не ви се случуваат такви работи, во иднина не прифаќајте нешто, само со цел да ги задоволите другите. За ваша среќа работата ќе биде многу поедноставна и нема место за стравување. Ако сте во брак, постојано се обидувате да се докажете пред партнерот и му се наметнувате со готови решенија за неговите проблеми. Вашето заштитничко однесување не му одговара на партнерот.

СКОРПИЈА
Се чувствувате исцрпено и очекувате да ви се намалат обврските, па дури потоа да одморите. Обидете се да завршите една работа која во моментов ви е приоритет, а другото да го одложите. Финансиската ситуација стагнира. Очекуваните приливи не доаѓаат и ќе бидете принудени да штедите. Партнерските односи ви се монотони. Веќе немате желба да направите промени. Ако сте сами, ви се допаѓа една личност која веќе е во врска. Обидете се ако сакате дополнително да си го искомплицирате животот.

СТРЕЛЕЦ
Имате добри идеи, но сега не е време за нивна реализација. Се наоѓате помеѓу две струи и секоја од нив ве влече на своја страна. Можеби е подобро да одморите и да ги одложите плановите за некој следен период кога работите ќе бидат појасни. Ако сте во брак, потрудете се да го сфатите партнерот и да не се однесувате како да не постои. Слободните стрелци ќе имаат шанса за нов почеток. Можеби на почетокот ќе посакате само авантура, но подоцна може да се претвори во нешто сериозно.

ЈАРЕЦ
Ако имате сопствен бизнис или се занимавате со јавна работа, плановите почнуваат да ви се остваруваат. Финансиската ситуација ви е добра и ќе можете да и помогнете на една личност на која и е потребна вашата помош. Доколку сакате да започнете нешто ново, сега е вистинско време за реализација. Поради обземеноста со работа и константниот стрес, воопшто не размислувате да ја надополните емотивната празнина. Едноставно, немате време за нови почетоци.

ВОДОЛИЈА
Работите одат добро, но почнуваат да ве измачуваат стравови дека ќе се разбудите и ќе се вратите на старата состојба. Некои луѓе од вашето деловно опкружување сакаат да ги минимализираат вашите успеси, но тоа нема да им успее. Во моментов треба да заземете цврст став и да не дозволите никому да влијае на вашето размислување. Ако сте слободни, на некое патување може да запознаете личност која многу ќе ви се допадне. Обидете се да не се однесувате како да сте недостапни.

РИБИ
Постои можност да започнете многу важна соработка со една личност со која и емотивно ќе се врзете. Обидете се да не ги мешате приватното и службеното, затоа што подоцна тешко ќе се извлечете од тој лавиринт. Денес е можно да добиете финансиски прилив кој ќе биде доволен да покриете некои трошоци. Ако сте слободни, во моментов повеќе ви одговара мала авантура отколку сериозна врска. Личноста за која сте заинтересирани, го сака спротивното.

  Пишува: Зорица Георгиевска


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП