Saturday, September 26, 2015

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА НАШАТА КАВАДАРЕЧКА ПИСАТЕЛКА И ПОЕТЕСА, МИЛИЦА ПАУЛУС


Милица Паулус

Писателката и поетеса Милица Паулус е автор кој пишува на македонски и на германски јазик. Родена е во Кавадарци, а живее во Германија.

Таа е автор на една германска издавачка куќа. На германски јазик има публицирано пет романи за младина и за деца, а со неколку песни учествувала и во една детска антологија. 
Со песни и кратки раскази на германски јазик зела учество и во шест антологии за возрасни. 

На македонски јазик ги публицирала стихозбирките: „ПАРЧЕ ЉУБОВ“ и „ РАЗГОЛЕНА ДУША“ за возрасни, а заедно со Ванѓелко Лозаноски го имат напишано научно дело „ВИЗИЈАТА И ЉУБОВТА НА КРСТЕ П. МИСИРКОВ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНИЈА“. 


Таа е уредник на осум антологии „ ПОЕЗИЈА ЗА ДУША“ и „ПОЕЗИЈА И ПРОЗА ЗА ВОСХИТ“, како и на антологиите „ ПОЕЗИЈА ЗА ДУША 2“ и „ПОЕЗИЈА И ПРОЗА ЗА ВОСХИТ 2“ исто и „ ПОЕЗИЈА ЗА ДУША 3“ и „ПОЕЗИЈА И ПРОЗА ЗА ВОСХИТ 3“ уште и „БАЛКАНСКА ЉУБОВНА ПОЕЗИЈА“ па и „ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПОЕЗИЈА“ во кои и самата зела и учество со кратки раскази и песни.


Со неколку свои песни за деца, зела учество и во една детска стихозбирка од повеќе автори, напишана на македонски јазик. 

Милица Паулус е добитник на неколку меѓународни награди за најдобра песна. Нејзини песни и рецензии се сретнуваат и во странски списанија. 
Многу често таа организира и поетски средби и манифестации, ширум цела Македонија. 

Во март 2014 година, создаде поетска група во Фејсбук под името „ПОЕЗИЈА ЗА ДУША“ која брои скоро 5000 членови, во мај 2014 година ја создаде и групата за проза под името „НАЈУБАВА ПРОЗА“, исто, со околу 5000 членови. И двете литературни групи работат многу убаво и компетентно. Нивната творечка клима е на високо ниво. Се публицираат антологии и се организираат наградни конкурси. 

Во октомври 2014 година ја создаде и групата „ДИСКУСИИ ЗА ПОЕТИ И ПИСАТЕЛИ“ која исто така на Фејсбук е првата група во ваква форма и има преку 2000 членови. Во неа се дискутира околу животот и творештвото на автори, а се разбира и околу нивните творечки дела. Во фебруари 2015 година, Милица Паулус ја отвори и групата за интернационална поезија под името „ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПОЕЗИЈА“ исто така прва група во така форма во која се соработува на многу јазици и брои скоро 3000 членови. 

Во моментов, Милица Паулус пишува еден роман за возрасни, на македонски јазик. 

Во 2015 година за прв пат ги организира и беа одржани две големи , убави и успешни поетскити манифестации : „ МАКЕДОНСКА ЛИРСКА ПОЕЗИЈА“ и „ПОЕТСКА ГАЛА“.

Во прилог ви објавуваме една поезија од Милица Паулус, а љубителите на убавиот пишан збор во нарените денови, ќе имаат можност во континуитет да проследат повеќе поезии од истата писателка.

КУТИЈА СО ЗБОРОВИ

Ја отворив кутијата
на времето. 
Во неа,
зборови заостанале.
Ги сложив 
и бликнав меѓу нив.
Одамна беше тоа.
Ги стегнав во картон,
за да не се издишат.
Сега се стари.
Остареле,
со коси побелени.
Ама значат исто!
Ги исправ 
и ги закачив на јазикот.
Сакаат надвор! 
Стискај, стискај,
заби ме заболеа.
Тогаш ги запрев,
а сега не умеам!
Па зарем
не сум јас, таа?
А што,
ако ги запрам?!
Ќе ја затворам
кутијата повторно
и ќе ја отворам
во друго време.
Зборовите ќе значат,
секогаш исто!

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП